Топ Вести

Десет минути доволни за катастрофа на Пелистер

28.04.2018 21:21
_DSC0195_resize

Во четвртото коло од плејофот на првенството на Македонија, во Автокоманда Металург ја нагости екипата на Пелистер. Металург ја имаше улогата на фаворит на оваа средба, но до бодовите стигна по навистина голема борба, благодарејќи на идеалните 13 минути на крајот од второто полувреме. Имено, во 47. минута се уште беше 22:22, а крајот од средбата го дочекавме со предност од дури десет голови, 34:24 (16:16).

Пелистер пружи неочекувано силен отпор и беше рамноправен противник,  а на моменти и подобар, во две третини од денешниот натпревар. Битолчани водеа во најголемиот дел од првото полувреме, во еден момент и со непријатно високи +4, 8:12, додека Металург конечно се созеде на самиот крај од првиот дел, кога за првпат стекна минимално водство. Првите 30 минути завршија со израмнети 16:16.

Слично се играше и во првите десет минути од второто полувреме, кога Пелистер повторно имаше водство од еден до два гола, но веќе се чувствуваше дека Металург конечно ја среди својата одбрана, а се подобро играше и во нападот. Шокот за гостинскиот тим дојде во последните 13 минути од средбата, во кои Металург одигра фантастично и буквално го растури Пелистер, со серија од 12:2.

.

РК Металург – РК Пелистер  34:24 (16:16)

РК Металург: Томовски, Даниловски, Маџовски 1, Јагањац 6, Димитриоски 7, Токиќ 6, Шилегов, Серафимов 2, Кузмановски 5, Велковски 4, Пешевски 3, Палевски, Матијашиќ, Лазаревски и Арсеновски.   Седмерци: 4/6.   Исклучени: 4 минути.

РК Пелистер: Петров 2, Јагуриновски 2, Маџовски 1, Рајатовски, Чантурија 4, Димитровски 3, Рајичиќ, Чуриќ 4, Орџоникидзе 6, Брауновиќ, Митревски, Јовановски, Ивановски, Митиќ 2, Тодоровски и Везенковски.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 211 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 2