Десеткуваниот Металург 2 ја измачи Струга

21.04.2019 01:19
DSC0093_resize

Цели 40 минути не се даваше младиот тим на Металург 2 на осмина-финалниот Куп-натпревар против суперлигашот Струга. Иако настапивме со крајно десеткуван тим, без дури шестмина клучни ракометари, кои се дел од кадетската репрезентација на турнирот во Бугојно, добро го испотивме искусниот домаќин, пред да го “положиме оружјето“. Средбата, која е одиграна денеска во Струга, заврши со резултат 36:28 (16:15).

Металург 2 на оваа средба имаше на располагање само 12 ракометари, но одигра крајно неизвесно прво полувреме, во кое двете екипи се менуваа во водството, но никој не постигна поголема предност. Пред самиот крај на првото полувреме беше 15:15, но Струга постигна гол и на одмор замина со минимална предност.

Уште десетина минути се држеа нашите млади ракометари во вториот дел, се до 23:21, а потоа ги стигна замор и веќе немаа сили да му се спротистават на тимот на Струга, кој на крајот славеше и убедлива победа.

Металург 2 ги заврши обврските во Купот на Македонија, додека Струга во утрешното финале ќе се сретне со екипата на Вардар.

.

РК Струга – РК Металург 2  36:28 (16:15)

РК Струга: Кузманоски 6, Крстаноски 2, Чантурија 4, Нацев 1, Тренчевски 7, Ферукоски, Јанкуловски 3, Стојаноски, Дукоски, Мечкароски, Николиќ 5, Трајковски, Мемед, Бајрамомоски 2, Дикхаминија 6 и Новаковиќ.   Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 6 минути.

РК Металург 2: Божиновски, Михајлов 2, Попов, Кофиловски 2, Гошевски 8, Ристовски 2, Л.Додиќ 3, Гогов 2, Прцуловски 2, Тодески, С.Додиќ 7 и Мијатовиќ.   Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 0 минути.

Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола.

Делегат: Игор Огненов од Битола.

Прочитано 474 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 17