Деветмина млади играчи на Металург во двете кадетски репрезентации на Македонија

09.12.2019 13:18
ResourceImage.aspx

Од утре во Автокоманда ќе играат натпреварите од меѓународниот турнир на кадетски репрезентации, на кој, покрај Македонија “А“ и Македонија “Б“, ќе настапат и репрезентациите на Србија, Бугарија и на Босна и Херцеговина.

Во составот на двете кадетски репрезентации на Македонија ќе се појават дури деветмина ракометари на Металург и на Металург 2.

.

Боите на Македонија “А“ ќе ги бранат: Давид Ацевски, Филип Фидановски, Теодор Тодески, Иван Андрески и Кристијан Ташевски.

generacija-02-03_resize

Дресот, пак, на Македонија “Б“ ќе го носат: Филип Димевски, Давид Мелоски, Марко Стојковиќ и Филип Николов.

б

Прочитано 611 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 3