ДЕВОЈЧИЊАТА ОД “АВТОКОМАНДА“ ГИ СОВЛАДУВААТ ОСНОВНИТЕ ЗНАЕЊА

23.01.2013 19:19
rkmetalurg[2]_resize

Во спортската сала „Автокоманда“, Скопје, како дел од подмладокот на РК Металург, тренираат и девојчиња од генерацијата 2000/2001 година.

Тренинзите се одржуваат трипати неделно, и тоа во понеделник, среда и во петок, од 14 до 15 часот. Во овој клуб членуваат околу 30 деца. Некои од нив настапуваат и во натпреварувачката пионерска лига на Македонија. Инаку, овие девојчиња тренираат веќе две години заедно и се натпреварувале и во мини-лигата на РК Металург. Со оваа ракометна школа работи тренерот Јулијана Црвенкоска.

Според неа, во сегашниот тренажен процес најбитно е децата да научат правилно да ги изведуваат сите движења, да ја совладуваат техниката, како и да се дружат меѓусебно. Тие стекнуваат спортски дух, што им помага да се развијат во правилно изградени личности.

– За оваа година е планирано да се одиграат пријателски натпревари со другите мини-школи на РК Металург, како и со школите што работат во нашиот регион, иако ние и секојдневно играме пријателски натпревари со машки противници од иста генерација. Исто така, ќе се натпреваруваме и во мини-лигата на Металург – вели тренерот Јулијана Црвенкоска.

Како и со другите генерации, така и овде најмногу се обрнува внимание и се работи на запознавање, учење и усовршување на основните елементи од ракометната игра и совладување на правилата на овој спорт.

Прочитано 690 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 9 = 0