- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 7 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 7 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 7 months
Димитриоски: И покрај сите проблеми, Металург одигра добар натпревар

Тренерот на Металург, на прес-конференцијата по средбата, беше задоволен од играта на своите ракометари, но имаше и замерка за играта во одбраната.
Оливер Димитриоски: “Најпрво честитки за екипата на Чеховски Медведи. Што се однесува на нас, во нападот бевме поквалитетни во однос на првиот натпревар со истиот противник, но во одбраната потфрливме, бевме лоши. Во еден период од средбата ја подобривме играта, но тоа не беше доволно. Се гледа дека ни недостигаат сите ракометари за да можеме квалитетено да одговориме. Хорват вчера излезе од карантин и поради тоа не беше дел од тимот за денешниот меч. Не сакав да ризикувам, бидејќи ќе ни биде потребен за натпреварите во домашното првенство“.
Даниел Ѓорѓески: “И покрај сите проблеми кои ги имавме, собравме сили да одиграме добар натпревар. Малку потфрливме во одбраната, примивме многу голови на домашен терен. Но, тоа е што е, не сме комплетни, ни фалеа играчи. Можеби, да беа сите, резултатот ќе беше поинаков“.