Димитриоски: Создаваме играчи за во иднина и собираме искуство

23.02.2021 23:30
Capture

На прес-конференцијата по средбата со Фиверс, свои видувања за одиграниот натпревар имаа тренерот Оливер Димитриоски и нашиот голман Даниел Дупјачанец.

Оливер Димитриоски:Имавме многу проблеми со ростерот пред овој натпревар. Имаме повредени играчи и ракометари позитивни на коронавирус, па не можевме да работиме заедно. Што се однесува на натпреварот, без одбрана не можеш да очекуваш добар резултат. Ние воопшто не игравме одбрана. Се надевам дека ќе го смениме тоа за следните натпревари во македонското првенство и дека ќе направиме прогрес. Во последните средби во Лигата на Европа во составот имавме неколку 16-годишни ракометари и гледаме да создадеме ракометари за во иднина и собираме искуство за понатаму“.

Даниел Дупјачанец:Честитки за Фиверс за победата. Знаевме дека ќе имаме потешкотии на овој натпревар. Фиверс одигра доста добро, играа брз и модерен ракомет. Се подготвувавме за овој натпревар, но не одигравме според договореното и примивме 45 гола. Не бевме агресивни во одбраната, не ја сопревме транзицијата на противникот. Така да, конечниот резултат не е изненадување. Секој натпревар во оваа Лига на Европа е ново искуство за нашите млади играчи. Но, мора да се игра максимално на секој меч. Без борба во напад, без агресивност во одбрана, ништо не сме постигнале. Пред нас претстои уште многу работа за да бидеме уште подобри“.

Прочитано 315 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 12