Димитриоски: Задоволен сум од тоа на кој начин ја завршивме групната фаза

02.03.2021 23:01
20210302_202723_resize

По средбата на Металург со екипата на Адемар Леон, која заврши со поделба на бодовите, се одржа редовната прес-конференција на која својот коментар го даде тренерот на Металург, Оливер Димитриоски.

Честитки до Адемар за пласманот во следната фаза и им благодарам за фер и коректната игра. За мене е голема привилегија да освојам бод против голем тренер каков што е Маноло Каденас. Задоволен сум од првото полувреме, во второто ни падна малку ритамот, почнавме да правиме повеќе грешки, веројатно заморот си го прави своето. Но, задоволен сум од тоа на кој начин ја завршивме групната фаза– изјави Оливер Димитриоски.

Прочитано 101 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 3