Топ Вести

Добар отпор на Металург 2 во Радовиш

15.04.2018 15:40
_DSC0019_resize

Во третото коло од плејаутот на првенството на Македонија, екипата на Металург 2 гостуваше во Радовиш, кај неспорниот лидер во групата за опстанок.

Натпреварот мина во доминација на домашниот состав, кој имаше контрола врз резултатот во текот на целата средба. Но, и Металург 2 остави силен впечаток, особено во второто полувреме кога се решаваше натпреварот. Нашите млади ракометари силно му се спротиставија на домашниот тим и во неколку наврати дојдоа на растојание од само еден гол зад резултатот на Радовиш. Сепак, на крајот реши поголемото искуство на Радовиш, кој ги освои сите три бода.

Во следното коло во Автокоманда ќе гостува екипата на Вардар Јуниор. Тоа ќе биде неизвесен натпревар во кој двете екипи ќе се надеваат на нови бодови.

.

РК Радовиш – РК Металург 2  29:24 (16:12)

РК Радовиш: Паунов, Илиев 12, Марков, Трајанов, Долдуров 2, С.Ѓорѓиев 5, Постолов 1, Соколов 1, Спасов, Ј.Ѓорѓиев, Ристов 2, Мајиќ 6, Б.Јованов и Г.Јованов.    Седмерци: 6/7.   Исклучувања: 14 минути.

РК Металург 2: Василевски, Гошевски 3, Л.Додиќ, Савковиќ, С.Додиќ 9, Богдановски, Младеновиќ 3, Божиновски, Прцуловски, Кондев 1, Митиќ 3, Ристовски 1, Костески 2 и Кофиловски 2.   Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје.

Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

Прочитано 85 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 2