ДОБАР ОТПОР НА МЕТАЛУРГ ВО ПРЕШОВ

12.03.2014 20:24
1076_1394662310_resize

za tekst

Иако ја загубивме средбата во Прешов, со резултат 20:27 (11:12), можеме да бидеме задоволни од играта и отпорот на нашиот десеткуван и подмладен тим во кој отсуствуваа десетина ракометари од нашиот најдобар состав.

Тоа особено се однесува на првото полувреме во кое бевме рамноправен, а во добар дел и подобар партнер. Цели петнаесет минути Металург го контролираше резултатот и имаше постојана предност од 2 до 3 гола, најголема во 15. минута, 8:5. Сепак, искусниот состав на Татран се врати во игра со серија од дури 6:0 и го презеде водството кое го задржа до крајот на натпреварот. Последните неколку минути од првиот дел ни припаднаа нам, откако, со серија од 3:0, дојдовме на само гол негатива, 11:12. Во овој дел најзабележителен наш ракометар беше голманот Никола Митревски, кој скроти 10 удари на противничките играчи.

Добро го почнаа нашите и второто полувреме. Во 35. минута имавме достижна негатива од два гола, 13:15, но потоа домашниот тим ги искористи двете едноподруго исклучувања кај Металург и за првпат создаде повисока предност, 15:20. Најголемата разлика Татран ја имаше во 58. минута, кога на семафорот се појави резултат 17:26. Металург вложи напор да ја смени ситуацијата на теренот и успеа да ја намали предноста на противникот, за крајни 20:27.

Taтран Прешов – Meталург  27:20 (12:11)

Taтран Прешов: Веркиќ (15 одбрани), Kрупа, Рабек 3, Хрстка 5, М.Урбан, Kрок 2, Kристопанс 4, Радченко 1, Л.Урбан, Tумидалски, Т.Урбан 1, Чип 5, Гузи 4, Пејовиќ, Kрзиштофик и Петро 2.       Пенали: 2/3.       Исклучувања: 6 минути.

Meталург: Mитревски (12 одбрани + пенал), Kимевски (4 одбрани), Бoj.Maџовски, Борј.Maџовски 1, Пецаковски 4, Koстески, Maртин Манасков 4, В.Маркоски, Н.Маркоски 3, Mojсоски 3, Keџо 3, Taлески 1, Maндиќ 1 и Пешевски.       Пенали: 3/3.       Исклучувања: 10 минути.

Судии: Матија Губица и Борис Милошевиќ.

Фото:

Прочитано 2.280 пати

(2) Коментари

  1. Koga ke izgubis mec ne mozes da kazes “dobar otpor”! Da ne bese Mitrevski(koj ne znam zosto ne brani pocesto) porazot ke bese potezok.Ovoj sostav ne mozese da se sprotistavi na Presov,toa site go znaeme,ne ni e ni bitno,odime ponatamu. Mislam deka duri ni mecot so Kolding ne e tolku biten,kolku dvomecot so Vardar za nacionalnata titula.Mnogu sreka,pomalku povredi i da se raduvame na RK Metalurg,sampionot na Makedonija za 2014g.!

    • Ако твојот тим, онаков каков што го пративме, игра со многу посилен противник тогаш зборуваме за отпор, а ако добро се спротистави – зборуваме за добар отпор. Учинокот на Митревски е голем, но тоа му е и должност. Со истото право би, можеле да кажеме дека ќе бевме повисоко поразени и ако не беа Пецаковски и Мартин Манасков, кои дадоа по 4 гола. Тимот е тим, секој треба да го даде својот максимум.

Напишете коментар


+ 2 = 3