Топ Вести

ДОБРИОТ МЕТАЛУРГ НЕ УСПЕА ВО ЗАГРЕБ

11.10.2014 19:57
PPD-Zagreb-Metalurg_resize

za tekst

Вечерва Металург го одигра својот најдобар натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите, но и тоа не беше доволно за нашата прва победа. Имаме многу основи да жалиме за исходот од денешната средба, но и причини да бидеме незадоволни од се што се случуваше во “Арената Загреб“, особено во втората половина од второто полувреме.

Тежок натпревар и за играње и за гледање. Цврсти одбрани на двата тима, многу често со елементи на груба игра. Натпревар со неефикасни напади и со малку голови, па во 15. минута беше само 3:2 за домашниот состав.

Средбата не ја почнавме како што треба, па на нашиот прв гол чекавме пет минути, кога Мојсовски намали на 1:2. Целото прво полувреме помина во бркање на резултатот на противникот, кој одржуваше предност од 1 до 2 гола. Имавме повеќе од десет можности да го израмниме резултатот, но на одмор сепак заминавме со негатива од два гола, 8:10. Во овој дел, Металург беше целосно рамноправен партнер, а кај нашите ракометари се чувствуваше огромна желба за успех.

Второто полувреме донесе една суштинска промена – ние бевме подобриот противник, кој апсолутно ја заслужи победата.

Во 40. минута, со голот на Ојлески, израмнивме на 13:13, а до 44. минута постигнавме уште два гола (Џукиќ и Атман) и поведовме со 15:13. Загреб целосно се загуби, а ние бевме во победнички налет, кој ја навести нашата прва победа. После тоа видовте сами, набрзина останавме со четворица ракометари, а Загреб, ни крив ни должен, дојде во позиција да направи серија од 3:0 и повторно да го врати водството во свој посед, 15:16.

Металург не се предаде и до крајот од средбата херојски се бореше. Последните неколку минути се и најтешки за коментирање. Се случија многу нешта, а резултат од сето тоа е победа на Загреб со резултат 19:17. Домаќинот е секако задоволен, бидејќи прокнижи два нови бода, додека Металург го забележа својот трет сезонски пораз.

Радуваат играта и залагањето на нашиот тим, кои ветуваат дека борбата за пласман во Топ 16 не е завршена.

ППД Загреб – Металург  19:17 (10:8)

ППД Загреб: Стевановиќ, Ивиќ (11 oдбрани), Mихиќ 2, Брозовиќ 2, Степанчиќ 2, Шпрем, Шебетиќ, Раковиќ, Хорват 9, Шушња, J. Валчиќ 1, T. Валчиќ, Oбрановиќ 1, Koвачевиќ, Лукачец и Павловиќ 2       Седмерци: 7/7.        Исклучувања: 8 минути.

Металург: Mитревски (7 oдбрани), Koциќ, Ojлески 2, Димовски 1, Липовина 1, Георгиевски 1, Mиркуловски 2, Maркоски, Mojсовски 2, Aтман 3, Циндриќ 4, Нелоски, Joновски, Maрсениќ, Борозан и Џукиќ 1.         Седмерци: 2/3.        Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 2.705 пати

(10) Коментари

  1. Da ne bese ova sramno sudenje vecerva,ke go dobievme Zagreb sigurno! A i da imavme uste eden golman,barem na nivo na Mitrevski!Kocik e definitivno treta klasa. Raduva vecerasnava dobra igra ,borbenosta i strplivosta. Pokazaa karakteristiki na iskusna ekipa iako sostavot e prilicno mlad.Zatoa,nikakvi zamerki samo zelbi da se prodolzi so podiganje na formata i moralot vo timot.Koga mozese Zagreb(vecerva pokazaa deka se sosema prosecna ekipa) da go dobie Kiel doma,zosto toa da ne go napravi i Metalurg, zasilen so Vugrinec i Borozan.I pokraj porazot,cestitki za dobrata igra!

  2. Bravo odlicna igra , deckite go dadoa maksimumot sepak da imaa sudiite ednakov kriterium ova ke bese pobeda na Metalurg.

  3. Metalurg vecerva ne potseti na negovite lanski igri megutoa ova e sepak malo za liga na sampioni. Ve molime ne go pustaje Atman iVugi da si odat najdete nacin da gi zadrzite a za golman da ne zboruvame Mitrevski ne e los ali za liga na sampioni treba mnogu poiskusen i podobar golman .SREKNO pozzz

  4. Kako samo sudiite znaat da unistat natprevar (ne samo vo rakometot), no toa e toa, isto taka e i vo zivotot…valkanite se sekogas prvi…

  5. Vo Brest igraa samo Mirkulovski,Cindric i Jonovski , a vo Zagreb na ovie trojca im se priklucija Atman,Mojsovski i donekade Mitrevski , no fali uste nesto , fali uste mnogu malku za edna pobeda , a posle toa se ke bide polesno , kako i da e so vas sme , samo prodolzete taka .
    Napred Metalurg

    • So sto samo se prikluci mojsovski….. So seta pocit za minat trud, ali porazot vecerva ide na negovo konto i na konto na sudiite…..

  6. Denes gledavme eden dobar metalurg,eden borben metalurg i ne treba da se predavame treba uste poborbeno i so pomos na vugrinec da odime na pobeda protiv kil.I se nadevame deka kje ja nadminat krizata i upravata malce pozbilno kje ja svati rabotata,i mozeme da ocekuvame plasman vo nokaut fazata i onoj metalurg nna kogo site naviknavme.Samo eden Metalurg nared sampioni.

  7. Изненаден сум од тоа како Лино го толерираше Наумче со толку многу грешки.Како сериозен тим треба да размислите значително да му ја намалите минутажата во ЛШ барем додека не се врати во форма.Не е фер према останатите играчи кои што грејат клупа, а реално треба да се на терен.Воедно и очекував самиот Наумче како капитен да биде доволно совесен и да се повлече кога не му оди, а не да дежи тајм аут и да прави огромен број на неизнудени грешки.Воедно и судиите одиграа за Загреб.

  8. da dade gospod tie sto sudea na denesniot natrprevar da suda pak idnoto ili nekoe od narednite kola vo LS vo Skopje…lincuvanje gi ceka!!!!!!!!!!
    izrekata -sudija p***r dobi smisla bas deneska
    pozz

  9. Судиите беа катастрофа
    За оваа сезона ова беше најдобра игра на Металург.., но ако спредиме со лани,..тоа не значи дека играа добро!!!!
    Го разбирам Вугринец ако не сака да игра за да се продаде во друг тим. Човекот толку направи лани за клубот, зар сега да игра без пари!??
    Го прашувам јавно клубот: -Зошто оваа година ни ги поскапевте сезонските билети за 500 денари во однос на лани? Тоа подразбира дека требаше да гледаме еден поквалитетен Металург од лани, нели ?
    Дали знаете дека и ние верните навивачи се чувствуваме, преварено и изневерено, веројатно исто како и играчите кои го прославија клубот во Европа

Напишете коментар


− 2 = 5