Добро издание на Металург, кој сепак ги загуби бодовите

20.02.2021 21:50
DAR_2622_resize

Металург продолжува со пеколното темпо во Лигата на Европа. По двете гостувања во Русија и во Полска, со само еден ден одмор, вечерва го одигравме возвратниот натпревар со екипата на Чеховски Медведи. Го одигравме засилени со Тарабокија и со Шилегов, но без Хорват, Лазаревски, Маркоски и Тодески.

Металург денеска одигра добар натпревар, сметајќи на заморот од претходните денови и расположливиот ростер. Иако Чеховски Медведи имаа постојано водство, Металург во ниту еден момент не се предаде и до самиот крај беше во игра за бодовите. Во повеќе наврати бевме блиску до резултатот на противникот, но заморот и губитокот на конценрацијата не ни дозволија да направиме резултатски пресврт.

Средбата ја загубивме во одбраната, бидејќи примивме премногу голови. Во нападот бевме сосема солидни, но на крајот на натпреварот не ги искористивме своите добри шанси и му дозволивме на противникот да извојува победа со пет голови разлика.

Добро издание имаа Марко Тарабокија, Митиќ, но и новото засилување Калуѓеровиќ.

Металург повторно нема да има време за одмор, бидејќи веќе утре ќе тргне кон Виена, каде на 23 февруари ќе се сретнеме со екипата на Фиверс.

.

Металург – Чеховски Медведи  32:37 (17:21)

Металург: Дупјачанец (6 одбрани), Ѓорѓески (3 одбрани), Брестовац, Петковски 1, Поповиќ 3, Кофилоски, Шилегов 3, Калуѓеровиќ 5, Серафимов 2, Тарабокија 9, Митиќ 7, Рниќ и Додиќ 2.     Седмерци: 5/6.   Исклучувања: 12 минути.

Чеховски Медведи: Павленко (7 одбрани), Грушко (5 одбрани), Киселев 5, К.Котов 1, Андрееев 2, Синицин 3, А.Котов 4, Осташченко 6, Корнев 2, Фурцев 3, Стелмак, Ларин 1, Маслеников 2, Кулак 4 и Косоротов 4.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Бојан Лах и Давид Сок од Словенија.

Делегат: Камер Металари.

Прочитано 192 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 3