Доделени се наградите на меѓународниот детски турнир на Металург

15.08.2018 13:28
_DSC0116_resize

По завршувањето на меѓународниот детски турнир, за ракометари од генерација 2004/5, Металург ги додели индивидуалните и колективни награди на најдобрите.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Лука Вукелиќ од РК Валповка, а наградата му ја предаде членот на УО на Металург Коста Глигориевски.

За најдобар стрелец, со 17 постигнати голови, е прогласен Никола Иванковиќ од екипата на РК Ругвица, а наградата му ја додели претставникот на “Фондацијата Стамболиев“ Александар Стамболиев.

За најдобар голман е прогласен Давид Брестовац од екипата на Металург, а наградата му ја додели Ивица Маринковиќ од “Нова Македонија“.

Пехарот за освоеното трето место го доби екипата на РК Металург, а го додели Александар Стамболиев.

_DSC0108_resize_resize

Пехарот за освоеното второ место го доби екипата на РК Ругвица, а го додели поранешниот директор на “Нова Македонија“, Панде Колемешовски.

_DSC0109_resize_resize

Победничкиот пехар за освоеното прво место го доби екипата на РК Валповка, а го додели Коста Глигориевски.

_DSC0112_resize_resize

Фото:

Прочитано 351 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 1