ДОЈДОВМЕ ДО КРАЈОТ НА ЕДНА ФАЗА

25.02.2012 23:34
metalurg

Денес се одиграни неколку средби во групите во Лига шампиони. Сега работите се многу појасни. Цимос Копер очекувано ја победи екипата на Констанца, иако Романците на полувреме водеа со 5 гола разлика. Сега сме оставени сами да одлучуваме за своето место на табелата. Имаме тежок противник, потежок не можеше. Екипата на Хамбург е единствената во лига која во досегашниот тек на натпреварувањето не ја почуствува горчината на поразот. Екипата на Хамбург во Скопје допатува во својот најсилен можен состав, можеби за прв пат навистина комплетна. Ќе направи се за да остане и натаму непоразена.

Ако има правда, ние треба да бидеме втори. Копер загуби во Скопје и се спаси од пораз во Копер. Ако има правда, Копер не би смеел да профитира од сомнителните резултати на своите две последни средби, против Хамбург и денес против Констанца која во второто полувреме “одеднаш“ го загуби интересот за натпреварот, иако на полувреме имаше повеќе од сигурно водство.

Се расчисти и ситуацијата во другите групи. Познати се повеќето од нашите евентуални противници. Сите се силни и тешки, изборот е од лош полош.

Ако сме втори, наш противник ќе биде една од овие екипи: Савехоф, Киелце или Адемар Леон.

Ако сме трети, изборот е следен: Загреб, Веспрем и победникот од утрешната средба помеѓу Копенхаген и Кил.

Прочитано 551 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 8 =