ДОМАЌИНОТ ПОЧНА ДА СЕ РЕЗИЛИ

07.09.2012 20:14
1.Team logo 2_resize

Известува Данило Брестовац.

Дали организаторите од управата на норвешкиот шампион Хаслум почнаа да ги покажуваат своите први знаци на страв од нашата екипа ? Домаќините почнаа да се служат со работи што мислевме дека ги оставивме во минатиот век, мислевме дека Норвежаните ги имаат прележано овие детски болести. Во обид нашата логистика подобро да се подготви за пладневниот тренинг, се обиде да побара некои одговори од организаторите.

Колку трае патувањето од хотелот до салата ?

– Дваесет минути !!!

Патувавме 55 минути, верувале или не !

По долгото патување повторно изненадување – сала за тренинг наместо салата во која е утрешниот натпревар. Во салата  цело време бевме под будното око на играчите и стручниот штаб на Хаслум, кои ѕиркаа низ многубројните врати од салата. Тренингот ни траеше дури 50 минути, бидејќи играчите на Хаслум влегоа на теренот и почнаа полека да трчкаат и да се подотвуваат за својот тренинг. Смешно беше дека вода за пиење добивме некаде на средината од времето што тие го предвиделе за нашиот тренинг.

За назад, повторно 55 минути пат.

После овие тортури, нашата управа ја извести канцеларијата на ЕХФ и за утре е предвидена официјална жалба до делегатите на натпреварот.

Се надеваме дека овие подли работи ќе бидат мотив и инспирација плус за нашите ракометари, кои се видно исцрпени од она што го поминаа денеска.

Прочитано 1.222 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 3 =