Драматично реми на средбата Металург 2 – Пелистер

29.09.2019 23:22
DAR_3876_resize

Во натпревар од четвртото коло на македонската Суперлига, екипите на Металург 2 и на Пелистер одиграа драматичен натпревар, кој заврши со поделба на бодовите. Сепак, Металург 2 е екипата која има повеќе причини да жали за загубените два бода. Не толку поради поголемиот период во кој имавме резултатска контрола, колку за последните две минути во кои влеговме со предност од два гола и не ја сочувавме. Го имавме и последниот напад и 50 секунди да организираме сигурна акција, но повторно не успеавме.

По израмнетиот почеток, Металург 2 набрзина успеа да создаде комотна предност од 4 голови, 10:6, и долго време ја одржуваше. Но, доволни беа само неколку наши лоши минути за да противникот се врати во игра и до крајот на првото полувреме израмни на 13:13.

Во второто полувреме се разгоре жестока борба во рамноправна игра. За жестокоста на судирите сведочат трите директни црвени картони и вкупно 18-те минути казни за двете екипи само во вториот дел. Во целото второ полувреме се играше гол за гол, а борбата кулминираше со драматичната завршница во која немавме среќа да ги освоиме сите три бода.

Во следното коло Металург 2 го чека тешко гостување во Радовиш.

.

РК Металург 2 – РК Пелистер   25:25 (13:13)

РК Металург 2: Михајлов, Мелоски 3, Кофиловски 3, Савковиќ 4, Николовски, Божиновски, Митиќ 3, Мирчевски, Василевски, Стоилевски 2, Ристовски, Георгиевски, Танев, Стојановиќ 9, Додиќ и Ефтимов 1.    Седмерци: 4/8.   Исклучувања: 8 мин.    Црвен картон: Дарио Кофиловски во 52. минута.

РК Пелистер: Ристевски, Ивановски, Јовановски, Димиртовски 8, Димитров 4, Ф.Вардовски, О.Вардовски, Илиев 1, Мандиќ 2, Трајковски 3, Петковски, Блажевски, Буторац 2, Петровски 1 и Талевски 4.    Седмерци: 3/6,  Исклучувања: 20 мин.     Црвени картони: Петровски Дарио во 44. минута и Андре Буторац во 53. минута.

Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје.

Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

Прочитано 262 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 4 =