ДУФЕРКО НЕ ЗАОСТАНУВА ВО БОРБАТА ЗА ВРВОТ

14.05.2012 14:47
DSC_0555_resize

Во натпреварите од генерација 98/99 мртва трка за врвот водат екипите на Дуферко и Нова Македонија. Ракометарите на Дуферко извојуваа уште една, трета по ред, победа овој пат против екипата на Репро 21. Ова е и трет пораз на екипата на Репро 21 која е една од двете женски екипи во мини лигата.

Првото полувреме помина во јасна доминација на екипата на Дуферко која поведе со 4:0. Второто полувреме го добија девојките со резултат 5:4. Поповски со 5 гола кај победникот и Ангеловска со 4 гола кај поразените се двајцата најдобри стрелци на натпреварот.

Репро 21 – Дуферко   5:8  (0:4)

Репро 21: А.Глигоријадис, Тошевска 1, Џигерова, Аполевска, Ангеловска 4, Павловска, Јаневска, В.Глигоријадис, Т.Стојановска, М.Стојановска, Селамовска, Ѓурчешевиќ и Бојковска.      Тренер: Јулијана Црвенкоска.

Дуферко: Поповски 5, Налетовски, Геговски 3, Велевски, Томчевски, Силјановски, Савиќ, Велјановски, В.Стојковски, Б.Стојковски.   Тренер: Слободан Чивлачки.

Судија: Кристијан Павловски.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 193 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 1 =