Дупјачанец: На наредните средби од Лига Европа ќе мораме да играме многу подобро

20.10.2020 22:05
thumbnail_MJI_6361

Еден од поистакнатите наши ракометари на денешната средба со Тулуз беше нашиот голман Дупјачанец, кој средбата ја заврши со девет одбрани. На прес-конференцијата по средбата тој се согласи со коментарот на тренерот Кастратовиќ и додаде дека на наредните средби во Лига Европа Металург ќе мора да игра многу подобро.

Најпрво, би сакал да му честитам на Тулуз за победата, беа подобри од нас и одиграа подобро во одбраната. Се согласувам со мојот тренер дека ќе мораме да поработиме во одбраната. Промашивме многу напади, а бројот на направените фаули врз противничките ракометари во одбраната беше мал, па можеби тие се причините за поразот. Во групната фаза на оваа Лига Европа ќе мораме да се подобриме како тим. Ќе мораме да анализираме, да видиме каде погрешивме и да извлечеме поука како да ги намалиме тие грешки“, изјави Дупјачанец.

Прочитано 131 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 4