Дури 34 екипи се пријавија за учество во Лигата на шампионите

07.06.2018 15:16
13483386_10153838190478666_1771712251062790540_o_resize

ЕХФ го објави списокот на сите екипи што се заинтересирани за настап во Лигата на шампионите. Се работи за импозантна бројка од 34 екипи, кои ќе аплицираат за 28 места во Лигата на шампионите. Интересно, дури и актуелниот европски шампион Монпелје бара настап преку вајлд-карта, исто како и Металург.

Според ЕХФ-ранкингот, учество побараа 22 екипи: Вардар (Македонија), Мешков Брест (Белорусија), ППД Загреб (Хрватска), Скјерн (Данска), Барселона и Адемар Леон (Шпанија), Кокс (Финска), ПСЖ (Франција), Флензбург и Р.Н.Левен (Германија), Пик Сегед (Унгарија), Елверум (Норвешка), Келце (Полска), Спортинг (Португалија), Динамо Букурешт (Романија), Чеховски медведи (Русија), Целје (Словенија), Вакер Тун (Швајцарија), Татран Прешов (Словачка), Кристијанштад (Шведска), Бешикташ (Турција) и Мотор Запорожје (Украина).

Според пласманот во националните првенства, пак, место во Лигата на шампионите побараа 12 екипи: Металург (Македонија), Алпла Хард (Австрија), Ска Минск (Белорусија), Бјерингбро (Данска), Монпелје и Нант (Франција), Фуксе Берлин (Германија), Веспрем (Унгарија), Макаби Сруго Ришон Лезион (Израел), ОЦИ (Холандија), Висла Плоцк (Полска) и Горење Велење (Словенија).

Конечната листа на учесниците ќе се утврди на состанокот на Извршната комисија на ЕХФ, што ќе се одржи на 18 јуни во Глазгов (Шкотска). Тогаш ќе биде решено кои екипи ќе добијат директна покана за учество во групите, а кои евентуално ќе мораат своето место да го обезбедат преку квалификации.

Прочитано 108 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 3