ДВА АРШИНА ?

09.03.2012 13:24
477124895651701_919444133_n_resize

Поради важноста на средбите од Лига на шампиони, побаравме да се одложи нашата средба со Загреб во Вараждин и … бевме експресно одбиени. Моравме да одиграме две заостанати средби со Босна, а мораме да ги одиграме и средбите со Загреб (11 март) и Извиѓач (13 март). Четири средби пред оние вистинските, со Загреб во Лига на шампиони.

Во Вараждин мораме да летаме во недела (во сабота нема лет), мораме уште во 04.30 часот да бидеме на аеродром, а по слетувањето во Загреб уште да патуваме до Вараждин. Средбата за чудо е во 15.30 што е невообичајно време. Значи, ненаспани, уморни и скоро веднаш на натпревар. По натпреварот екипата лета за Скопје за да во вторник одигра натпревар со Извиѓач. После сите овие напори на 18 март го играме својот најважен натпревар во Лига на шампиони.

Нашиот конкурент, Загреб, од оправдани причини го одложи натпреварот со Вардар ПРО. Но, за да биде се во ред и се регуларно, оваа средба мора да се одигра во текот на оваа недела а не таму некаде во иднина. А токму такви сигнали доаѓаат до нас. Не е во ред од некакви причини да се поштеди Загреб и да му се даде одмор пред нашите пресудни средби во Лига на шампиони. Или сепак зборуваме за два аршина ?

Прочитано 1.422 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 2 =