Две седмици пауза за Даниел Дупјачанец

14.10.2019 16:53
DAR_2245_resize_resize

Даниел Дупјачанец ќе биде подготвен за најважните натпревари на Металург во ЕХФ Купот.

Тој се повреди на првенствениот натпревар со екипата на Струга, кога во обид да одбрани удар се здоби со повреда на задниот бутен мускул.

За среќа, повредата не е многу сериозна, но Даниел сепак ќе биде надвор од терените во следните две седмици.

Главните европски натпревари на Металург почнуваат на 16/17 ноември, и една седмица подоцна, кога Металург ќе настапи во третото коло на ЕХФ Купот.

Даниел Дупјачанец е еден од нашите ракометари со најстандардна форма, и неговото присуство на натпреварите е од огромно значење за Металург.

Во домашното првенство тој најверојатно ќе пропушти две средби, гостувањата кај Пелистер и кај Радовиш.

Прочитано 189 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 3