Двенеделна пауза за сите ракометни првенства

13.03.2020 11:49
0000_a4765

Ракометната федерација на Македонија донесе одлука во следните 14 дена да паузираат првенствата во машката Суперлига и Првата лига, како и во Женската лига.

Еве го соопштението на РФМ.

.

Почитувани,

Ве известуваме дека Раководството на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за прекин во период од 14 дена на Националното ракометно првенство во Супер и Прва машка ракометна лига како и натпреварите од Женската ракометна лига.

Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, како и препораките на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани.  

Дополнително согласно препораките и забраните од Владата на Република Северна Македонија за превенција од вирусот COVID – 19 , Ракометната Федерација на Македонија донесе претходно одлука со која сите натпревари во младите категории се одложуваат во период од 14 дена.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Прочитано 87 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 16