Двете екипи на Металург утре на дуел со “езерџиите“

01.11.2019 19:27
DAR_2032_resize_resize_resize

Утре во Автокоманда ќе има двојна програма.

Суперлигашките екипи на Металург утре за противници ќе ги имаат тимовите од градовите расположени на брегот на Охридското Езеро – Струга и Охрид. Двете средби се во рамките на осмото коло на македонската ракометна Суперлига.

Најпрво ќе го видиме дуелот меѓу екипите на Металург 2 и на Струга. Ова ќе биде натпревар во кој двете екипи ќе се обидат да дојдат до своите први победи во тековната сезона. Средбата е закажана со почеток во 15 часот. Овој натпревар ќе го судат скопските судии Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски, а делегат ќе биде Русе Наумовски од Скопје.

Веднаш по оваа средба ќе го видиме и дерби натпреварот на осмото коло. Ќе се сретнат непоразениот Металург и второпласираниот Охрид. Оваа средба ќе почне во 18 часот, а ќе ја судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат ќе биде Камер Металари од Скопје.

Влезот за двете средби е слободен.

Прочитано 257 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 5 =