Двојна победа на екипите на Металург во Сараево

02.09.2019 12:30
DAR_1841_resize

Пионерите и кадетите на Металург во борбата за седмите места се соочија со ист противник – пионерите и кадетите на РК Дол ТКИ од Словенија. Во двете средби убедливи победи забележаа нашите ракометари.

Пионерите одиграа одличен натпревар и славеа со резултат 19:15 (6:5). Нашите момчиња имаа предност во најголем дел од средбата, а особено добро го одиграа второто полувреме во кое го декласираа противникот. Малиот пад на концентрацијата на самиот крај на средбата му даде шанса на противникот да го намали резултатот, па победата на крајот беше изразена со само четири гола.

Нашите пионери турнирот го завршија на седмото место, иако според играта можеа да завршат и многу повисоко, но, кога требаше, не ги искористија своите шанси.

Победник на пионерскиот дел на турнирот е екипата на Извиѓач (Хрватска), втора е екипата на Селекцијата на Сараево, а трет е тимот на Пик Сегед.

.

Металург – РК Дол ТКИ  19:15 (6:5)

Металург: Таневски (8 одбрани), Талевски, Ангеловски, Субашевски 4, Насевски, Грујевски, Димковски 7, Арсовски, Стојановски 4, Васевски, Јазаџиев, Стеков 3, Петровиќ 1, Филиповски и Апостолидис.

——————————————————————-

Одличен натпревар одиграа и нашите кадети, кои го декласираа својот противник, победувајќи го со резултат 26:19 (16:11). Металург на оваа средба водеше во текот на целиот натпревар, а нашата максимална предност изнесуваше десет гола.

И овде Металург го зазеде седмото место, иако по квалитетот сигурно бевме меѓу првите три екипи на турнирот. Во секој одигран натпревар бевме рамноправни, во неколку од нив имавме убедливи предности до пред самиот крај на средбите, но немавме среќа да ги завршиме со победи.

Победник на кадетскиот  турнир е тимот на Борац од Бања Лука (БиХ), втора е екипата на Селекцијата на градот Сараево, а трет е тимот на Добова (Словенија). Две од овие екипи беа дел од нашата група.

.

Металург – РК Дол ТКИ  26:19 (16:11)

Металург: Стојчевски (7 одбрани), Брестовац (3 одбрани), Димевски, Андовски 5, Крстев 2, Митковски 2, Стојчески, Ф.Петковски 1, Ташевски 2, А.Петковски 4, Меловски 1, Николов 2, Андревски 4 и Тодевски 3.

Прочитано 262 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 8 =