Топ Вести

Двојна пресметка на Металург и на Вардар во четврт-финалните групи на Купот на Македонија

04.04.2018 12:47
DSC_0163_resize5

Во просториите на РФМ денеска се извлечени четврт-финалните групи во Купот на Македонија. Металург, заедно со Вардар, со Пелистер и со Еурофарм Работник, се смести во групата на носители на четврт-финалните групи, а по извлечената ждрепка добивме двојна пресметка меѓу на екипите на Металург и на Вардар.

.

Металург е организатор на натпреварите во групата 4, каде се извлечени уште и екипите на Тинекс Пролет, Вардар Јуниор и на Вардар Неготино.

Осминафинални двојки:

Металург – Вардар Јуниор

Тинекс Пролет – Вардар Јуниор

Вардар, пак, е организатор на натпреварите во групата 1, каде се извлечени уште и екипите на Металург 2, Металург Јуниор и Борец.

Осминафинални двојки:

Металург 2 – Вардар

Борец – Металург Јуниор

Еурофарм Работник е организатор на натпреварите во групата 2, каде се извлечени уште и екипите на Радовиш, Прилеп и на Струга.

Осминафинални двојки:

Струга – Радовиш

Прилеп – Еурофарм Работник

Иако во групата 3 носител е екипата на Пелистер, за организатори на групата се пријавија Пелистер и Бутел, а во меѓусебен договор избрана е екипата на Бутел. Покрај Пелистер и Бутел, во оваа група се извлечени и екипите на Охрид и на Делчево Вардар.

Осминафинални двојки:

Бутел – Охрид

Делчево Вардар – Пелистер

Четирите победници на четврт-финалните групи ќе обезбедат учество на фајнлфор-турнирот што ќе се игра на 19 и на 20 мај 2018 година.

Прочитано 87 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 4 =