ЕДИНСТВЕНО НЕПОЗНАТО ВО СЕХА ЛИГА Е РЕДОСЛЕДОТ НА ПРВИТЕ ЧЕТИРИ ЕКИПИ.

12.03.2012 14:50
images_resize

Во СЕХА лига останаа да се доиграат последните неколку кола. Веќе се знае кој ќе настапи во завршницата од првата сезона единствено не се знае редоследот на првите четири екипи. Пласман во фајнал форот обезбедија екипите на: Загреб, Вардар ПРО, Металург и Татран.

Водечките четири екипи треба да ги одиграат уште овие натпревари:

Вардар ПРО (моментално 47 бода): Вардар ПРО има уште само три натпревари но сите се тешки. Дома игра со Загреб и Металург, на гости со Татран. Значи, игра против сите три директни конкуренти.

Загреб (моментално 44 бода): Загреб има уште 5 натпревари и во сите гостува. Треба да игра со: Сутјеска, Босна, Извиѓач, Ловќен и Вардар ПРО. Според квалитетот на противниците, Загреб е фаворит за освојување на првото место.

 Металург (моментално 42 бода): Металург има уште четири средби. Дома игра со Извиѓач, а гостува кај Вардар ПРО, Црвена Звезда и Татран. Според распоредот, Металург има солидни шанси да заврши како втор.

Татран (моментално 40 бода): Словаците постепено се пробија до врвот и имаат добар распоред до крајот. Татран дома ги дочекува Металург и Вардар ПРО, а гостува кај Црвена Звезда и Борац.

Завршницата ќе се игра во Загреб, во средина на идниот месец, најверојатно на 14 и 15 април.

Прочитано 916 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 5