Египет е сензационален победник на кадетското СП во Скопје

18.08.2019 21:14
Awarding-Ceremony-18.08.2019-WCH-U19-FINAL-6885_resize

Во Скопје заврши кадетското СП.

Заврши со сензационална титула за селекцијата на Египет, која во финалето го совлада големиот фаворит Германија. Ова е прва титула за една неевропска селекција на кадетските СП. Бронзениот медал го освои селекцијата на Данска.

.

Денешни резултати:

Натпревар за седмото место:  Исланд – Шпанија  26:30 (8:12)

Натпревар за петтото место:  Франција – Унгарија  20:31 (9:18)

Натпревар за третото место:  Португалија – Данска  27:35 (11:15)

Финале:  Египет – Германија  32:28 (19:13)

.

Ол-стар тим:

Лево крило: Александер Рејман (Германија)
Лев бек: Хасан Валид Ахмед (Египет)
Среден бек: Лауриц Реинхолдт Легер (Данска)
Десен бек: Мартим Коста (Португалија)
Десно крило: Даниел Кешкец (Унгарија)
Пивот: Том Бергнер (Германија)
Голман: Абделрахман Мохамед Хомајед (Египет)
Најдобар дефанзивец: Јулиан Костер (Германија)

МВП: Ахмед Хешам Елсајед (Египет)
Најдобар стрелец: Хасан Валид Ахмед (51 гол, Египет)

 

Прочитано 379 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 1 =