ЕХФ и СЕХА-лигата ги одложија сите натпревари

15.03.2020 01:52
4172_1567545010

Европската ракометна федерација информираше дека привремено ги прекинува сите натпреварувања под своја надлежност, најрано до 12 април.

Ова се однесува на Лигата на шампионите во машка и во женска конкуренција, Квалификациите за женското сениорско Европско првенство, машкиот и женскиот ЕХФ Куп, како и за Челинџ Купот во девете конкуренции.

И раководството на СЕХА реши да ги одложи сите натпревари поради актуелната ситуација со коронавирусот и потешкотиите со кои се соочија гостинските екипи при патувањето. Натпреварите се одложени на неодредено време и наскоро од канцеларијата на СЕХА би требало да информираат за следните чекори.

 
Прочитано 107 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 1 =