ЕХФ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА ЗАГРЕБ

16.02.2013 21:31
ehf-600x600_resize

Судот на ЕХФ ја одби жалбата на Загреб поднесена по натпреварот со Динамо Минск и ја регистрира  средбата со постигнатиот резултат.

Загреб има право на апелација, која треба да ја поднесе во наредните три дена.

Како што е познато, приговорот се однесуваше на настанот што се случи во 24. минута од средбата, кога исклучениот белоруски ракометар Ципулис влезе во игра со облечен маркер и учествуваше во цепелин-акцијата на Динамо Минск. Клупата на Загреб жестоко протестираше, но немаше реакција ниту од делегатот од Холандија ниту од судиите од  Словенија, а записничарите го запишаа постигнатиот гол.

Прочитано 359 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 4 =