- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 8 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 8 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 8 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 8 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 8 months
ЕХФ: Металург со гордост до крај

Металург вчера беше на чекор од триумф против екипата на Адемар Леон. Нашиот тим имаше постојано водство се до 53. минута, но заморот и техничките грешки при крајот од средбата нè ставија во ситуација да се бореме за освојување на барем еден бод.
Интересен е коментарот на ЕХФ за вчерашната средба меѓу Металург и Адемар Леон.
“Тимот од Скопје можеби не беше највозбудлив за гледање оваа сезона, со високите порази во Плоцк, на пример, но вечерва даде сè за да излезе од Европската лига со стил. Во тешка борба, Металург речиси го создаде изненадувањето и го вознемири Леон, кој на првата средба славеше со 11 голови разлика. Последна минута е доказ за нивната гордост. Додека многу екипи ќе пуштеа сè, тие избраа да се борат до последната секунда, добивајќи на крајот заслужено реми“, се вели во текстот на ЕХФ.
Инаку, во текстот ЕХФ има и една техничка грешка. Имено, Металург во Леон загуби со резултат 41:32 (20:13), значи со 9 голови разлика.