ЕХФ му додели на Металург службена победа за скопскиот меч со Тулуз

26.02.2021 18:25
MJI_8457_resize

ЕХФ денеска додели службени победи за неколку неодиграни натпревари во Лигата на Европа и во Лигата на шампиони.

Средбата од седмото коло во која Металург во Скопје требаше да го пречека тимот на Тулуз, а е одложена по вина на Тулуз, е регистрирана со резултат 10:0 во полза на нашиот тим. Со тие два бода, Металург во моментов има три бода.

Службени бодови освоија и другите две македонски екипи во европските натпреварувања. Екипата на Вардар доби два бода од неодиграната средба со Фленсбург, со службен резултат ја загуби средбата со ПСЖ што требаше да се одигра во Скопје, а освои и еден службен бод од средбата со ПСЖ што требаше да се одигра во Париз.

Еурофарм Пелистер доби два службени бода за средбата со Р.Н.Левен што требаше да се одигра во Германија.

Прочитано 289 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 6