ЕХФ НА СВОЈОТ САЈТ ГО НАЈАВИ НАТПРЕВАРОТ МЕЃУ МЕТАЛУРГ И КИЕЛЦЕ

16.11.2012 19:35
374411_512715032073025_1416325713_n

Текстот е преземен од сајтот на ЕХФ.

Двете екипи имаат стоотстотен успех на меѓународно ниво, но и двата тима изненадувачки ги загубија натпреварите со директните конкуренти во домашните или во регионалните лиги. В недела (18 часот по локално време), Металург Скопје ќе се соочи со Виве Тарги Киелце во натпреварот на неделата на ЕХФ-ТВ, со коментар на англиски јазик во живо на Том О`Бранаген.

Двете водечки екипи од групата Ц на ВЕЛУКС ЕХФ-Лигата на шампионите покажаа врвна класа, при што двете имаат максимални осум поени.

Тоа ќе биде навистина бучна игра во одлична атмосфера – изјави хрватскиот репрезентативец и десно крило на Киелце Иван Чупиќ, на официјалниот веб-сајт на Металург www.rkmetalurg.mk.

Чупиќ, кој во моментов е трет најдобар стрелец на ВЕЛУКС ЕХФ-Лигата на шампионите, ќе се соочи со некои добро познати лица, особено на клупата на Металург, каде што неговиот поранешен тренер на националниот тим Лино Червар формира врвен европски тим.

Сигурен сум дека Лино ќе има совршено приспособена тактика против нашиот начин на игра, но се надевам дека ќе можеме да ги земеме поените во овој многу важен натпревар, затоа што сакаме да завршиме први во нашата група – изјави Чупиќ.

Металург ја почна брилијантно сезоната, со победа во Шамбери. Оваа победа ги зајакна македонските шампиони, од кои повеќето играчи се репрезентативци.

Следуваа уште три победи, особено благодарение на одличната одбрана и на играта на нивниот нов словенечки играч Ренато Вугринец.

Единствениот пораз на Металург беше во регионалната СЕХА-лига, каде што загуби со еден гол разлика во последната секунда од својот најголем ривал, скопски Вардар. Иста е приказната и за Киелце, кој го загуби натпреварот во полската лига со директниот конкурент Висла Плок.

И двете екипи имаат проблеми со повредите. Киелце мораше да ги замени Растко Стојковиќ и Грегош Ткачик во последниот натпревар во лигата, а во Металург е неизвесно дали ќе можат да играат Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски и голманот Петар Ангелов.

По поразот од Плок, последната генерална проба на Виве Тарги Киелце пред натпреварот на неделата на ЕХФ-ТВ беше блиска до совршенство. Тимот на тренерот Богдан Вента во средата го победи Шчувај Пшемишл со 44-14, што беше најдобар резултат во ерата на Вента во Виве Тарги.

Десниот бек Криштоф Лијевски се надева дека поразот од Плок ќе биде единствениот неуспех.

Треба да играме како тим, само тогаш сме успешни – изјави тој за веб-сајтот на Киелце www.vivetargi.pl.

Можеби претходните меѓународни резултати на женскиот тим на Металург се добар предзнак за домаќините в недела. Тие двапати го победија полскиот тим Лубин во ЕХФ-Купот на победниците на куповите.

Следете го натпреварот на неделата на ЕХФ-ТВ в недела, во 18 часот по локално време.

Прочитано 1.521 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 8 = 0