ЕХФ НЕ МУ ПРОСТИ НА ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ

25.01.2013 19:50
cache

Тренерот на Вардар Про, Веселин Вујовиќ е казнет од дисциплинската комисија на ЕХФ со парична казна од  4.000 евра и суспензија од два натпревари за црвениот картон што го доби на дуелот од ЕХФ-купот против Магдебург.
Вујовиќ беше исклучен од страна на шпанските судии по критиките за нивната арбитража на мечот против Магдебург, во Германија. Вардар ПРО го загуби тој натпревар, со резултат 30:27. Иако му беше дозволено да го води тимот на реваншот во Скопје, ЕХФ реши да го казни Вујовиќ со парична казна од 4000 евра.
По разгледувањето на изјавите на судиите и на делегатот на натпреварот, било утврдено дека исклучувањето е оправдано, а Вујовиќ за своето однесување добил казна согласно правилникот.

Прочитано 456 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 1 =