ЕХФ ПОТВРДИ: МЕТАЛУРГ ИМА НАЈДОБРА ОДБРАНА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

02.01.2013 13:20
CL_Velux_Logo_Horizontal_CMYK_p1_resize

Службената интернет страница на ЕХФ даде осврт на изминатите седум кола во Лигата на шампионите.

Досега 10 екипи обезбедија место во Топ-16: Чеховски Медведи, Фленсбург, Хамбург, Веспрем, Кил, Киелце, Металург, Горење, Барселона и Фуксе Берлин. Засега, место не обезбедија гиганти како: Атлетико Мадрид, Монпелје, Загреб…

Најдобра одбрана има Металург (160), а следат: Киелце (163), Барселона (168), Веспрем (170)и Горење (175).

Најдобар напад има Кил (229), а следат: Барселона (226), Фленсбург (223), Чеховски Медведи (222) и Веспрем (217).

Најмногу бодови имаат Барселона, Веспрем и Киелце, по 14, следат Чеховски Медведи и Хамбург со по 11 бодови.

Најдобра екипа во лигата е Барселона (14 бода – гол-разлика +58), потоа следи Веспрем (14/47) и Киелце (14/47). Металург моментално е осма екипа, со 10 бодови и гол-разлика + 28.

Најдобар стрелец е Иван Чупиќ (Киелце) со 49 гола, а следат Егерт Јенсен (Фленсбург) 47, Ханс Линдберг (Хамбург (46), Гаспер Маргуц (Цеље ПЛ) 46 и Фахрудин Мелиќ (Горење) 44.

Прочитано 437 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 3 =