Топ Вести

Екипата на Ним е денешниот противник на Металург

23.01.2019 13:16
EQUIPE2_USAM@TERRALUNA_resize

Металург продолжува со својата турнеја во Франција. Денеска на програмата е пријателскиот натпревар со екипата на Ним, петотпласираниот тим во француското првенство.

 Тренерот Данило Брестовац наметна пеколно темпо во подготовките за претстојната полусезона, па нашите ракометари ќе одиграат вкупно пет средби со врвни екипи во само седум дена, а не се за потценување ниту трансферите од еден во друг град. Досега Металург одигра три од овие пет средби и извојува две победи (го освои турнирот “Мастер Гренобл“), а забележа и еден пораз. По денешниот натпревар со Ним, не очекува и утрешната средба со Ст.Рафаел, со која ќе ја финишираме турнејата.

Денешниот натпревар се игра во Ним, со почеток во 20 часот.

Прочитано 114 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 7 =