ЕКИПАТА НА НОВА МАКЕДОНИЈА Е НОВИОТ ШАМПИОН ВО ГЕНЕРАЦИЈА 98/99

11.06.2012 19:38
DSC_0415_resize

Екипата на Нова Македонија е новиот шампион на “Млекара Здравје Радово“ мини лига за генерација 98/99. Овој тим во текот на сите пет кола загуби само еден бод и на најдобар начин дојде до својата титула во 2012 година.

Денес Нова Македонија имаше релативно лесна задача против екипата на Репро 21 која е последнопласирана без освоен бод. Да потсетиме, Репро 21 е една од двете екипи кои се составени исклучиво од девојчиња.

Денешната средба помина без резултатска неизвесност бидејќи ракометарите на Нова Македонија натпреварот го добија уште во прво полувреме. 7:3. На крајот убедлива победа, 16:7.

За утеха на екипата на Репро 21 останува податокот дека во своите редови ја имаат феноменалната Вања Ангеловска која е најдобар стрелец во генерација со 23 постигнати гола.

Најдобар поединец на средбата беше Петроски со 6 постигнати гола, додека кај поразените Вања Ангеловска постигна 4 гола.

Нова Македонија: Н.Стојановски 2, Г.Стојановски, Петроски 6, Краљевски 3, Николовски 2, Стојковски 1, Босилковски, Тодоров 1 и Атанасовски 1.       Тренер: Горан Стојков.

Репро 21: А.Глигоријадис, Тошевска 1, Џигерова 1, Ангеловска 4, Павловска, Јаневска, В.Глигоријадис, Т.Стојановска, Савиќ, Селамовска, М.Стојановска, Ѓурчешевиќ, Аполевска и Стефановска 1.          Тренер: Јуле Црвенкоска.

Судија: Кристијан Павловски.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 206 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + = 5