Екипата на Веспрем е новиот шампион на СЕХА-лигата

06.09.2020 23:45

Во Задар (Хрватска) заврши фајналфорот на СЕХА-лигата.

Во финалето, екипата на Веспрем го совлада тимот на скопски Вардар и му ја презеде титулата освоена во претходната сезона.

Веспрем беше подобриот тим во текот на целата средба и до победата дојде со резултат 35:27 (15:12). Ова е трета титула за Веспрем во СЕХА-лигата. Вардар се уште е најуспешниот тим во ова регионално натпреварување, со пет освоени титули.

Во борба за третото место, екипата на Мешков Брест го совлада тимот на ППД Загреб, со резултат 29:24 (14:12).

Прочитано 37 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 7