Топ Вести

Екипите на Металург утре ги играат натпреварите од последните кола

29.05.2018 13:43
ljambe magareto._resize

Металург и Металург 2 утре ги играат натпреварите од последните кола во плејоф и во плејаут групите.

РК Металург во Автокоманда ќе ја нагости екипата на Вардар. Оваа средба, која не решава ништо во пласманот на двете екипи, ќе се одигра со почеток во 19.30 часот.

Исто така во Автокоманда, но со почеток во 17 часот, ќе се одигра и средбата меѓу екипите на Металург 2 и на Прилеп. Овој натпревар е пресуден за двата тима, бидејќи најдиректно ќе решава која екипа ќе обезбеди опстанок во Суперлигата, а која ќе мора тоа да го направи преку бараж-натпревар, најверојатно со екипата на Струга, како второпласирана во Првата лига. Да потсетиме, на Металург 2 му е доволен и еден бод од овој натпревар.

Влезот за двете средби е слободен.

Прочитано 63 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 3