ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ НА ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ ЗА САЈТОТ НА ЕХФ

16.11.2012 19:38
DSC_7287

Филип Миркуловски: Не сме под притисок да победиме !

Играме подобро кога сме аутсајдери, вели ракометарот на Металург Скопје Филип Миркуловски пред натпреварот на неделата на ehfTV.com (ЕХФ-ТВ), в недела, во 18 часот.

Кога натпреварот помеѓу Металург Скопје и Виве Траги Киелце беше избран за натпревар на неделата на ЕХФ-ТВ пред неколку месеци, никој не претпоставуваше дека ќе биде многу повеќе од вообичаено дерби. Двата тима имаат максимален број поени по четири кола. Металург покажа дека нема да му дозволи никому да го порази на домашен терен.

Киелце има многу поголем буџет од тимот од Македонија. Лино Червар предводеше неколку хрватски репрезентативци што сега играат во тимот од Полска.

Тоа ќе биде судир на два различни стила и тактички пристапи. Киелце форсира брз противнапад и брза игра, додека Металург се потпира на одлична одбрана, која е основа за постигнување голови.

В недела вечер во салата „Борис Трајковски“, повеќе од 7.000 навивачи ќе бидат осмиот играч на Металург. Домашниот тим ги распродаде картите за натпреварот за само два часа.

Филип Миркуловски е играч што ќе биде клучен и во одбраната и во нападот. Тој често е цел на противниците, а понекогаш судирите не се лесни.

Дали сте физички и психички подготвени за наредниот предизвик?

– Сѐ уште се подготвуваме за натпреварот и гледаме ТВ-снимки од игрите на противникот. Физички сме подготвени, иако имаме проблеми со повредите, но мислам дека сите проблеми ќе бидат решени пред натпреварот. Психичката подготовка е важна. Знаеме дека натпреварот ќе биде тежок и не смееме да си дозволиме никакви грешки.

Дали сте под притисок да победите?

– Не сме под никаков притисок. Виве Тарги Киелце е фаворит. Не размислуваме дека треба да победиме. Доколку победиме, тоа ќе биде плус и оваа победа ќе ни обезбеди место во осминафиналето, што е наш приоритет. Ќе се обидеме да победиме, иако Виве Тарги Киелце е фаворит.

Двојниот натпревар со Киелце на крајот ќе биде решавачки за групата Ц. Дали гледате на можноста на крајот да бидете први во групата?

– Би можело да значи многу, дури и кога ќе патуваме во Полска идната недела. Ако победиме, ќе биде полесно. Ние на ова гледаме како двоен меч што ќе одлучи кој ќе биде прв на крајот од групната фаза.

Колку е потешко да се игра како фаворит? Дали Металург е фаворит во првиот натпревар во Скопје?

– Не сме фаворити, иако резултатите покажуваат дека сме во добра форма и играме дома. Виве Тарги Киелце е квалитетен тим, со репрезентативци од Хрватска и од Полска. Играме подобро кога сме аутсајдери. Тогаш сме помотивирани и притисокот е поголем врз фаворитите.

Колку Виве Тарги Киелце се разликува од претходните четири противници, во однос на тактиката и начинот на игра?

– Тие се слични на Горење Велење, но полскиот тим е многу подобар. Тие играат тесна одбрана 6-0, принудувајќи брзи противнапади, преку крилата Чупиќ и Штрлек. Против Горење го спречивме тоа. Тоа ќе биде нашата главна задача. Тука лежи нашата шанса.

Киелце го загуби дербито против Висла Плок, а вие го загубивте дербито против Вардар. Какви поуки можат да се извлечат од овие натпревари?

– По поразите, двата тима ќе бараат шанса да ја вратат самодовербата. Ќе посветиме посебно внимание на Урош Зорман. Неколкупати игравме против него и тој ни создаде многу проблеми. Ако го запреме, ќе бидеме поблиску до запирање на целиот тим. Исто така, левиот бек Јурецки е посебен играч и треба да внимаваме на него. Ако нашиот голман Дарко Станиќ може да одбрани неколку од неговите удари кон голот, тој ќе ја загуби самодовербата и ќе биде полесно. Поразот од Вардар не беше голема работа за нас и истото тоа важи и за претстојниот натпревар. Се движиме во вистинскиот правец.

Прочитано 1.535 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 2