Ерата на Кастратовиќ почна со гостинска победа над Пелистер

19.10.2019 20:53
DAR_4668_resize_resize

Во седмото коло на машката ракометна Суперлига, Металург извојува рутинска гостинска победа против Пелистер. Победивме со резултат 24:27 (11:15), во натпревар во кој победата на Металург во ниту еден момент не беше доведена во прашање.

Металург добро го почна натпреварот и веќе во 13. минута имаше сигурни +5, 3:8. Пелистер се бореше во границите на своите можности, но не успеваше посериозно да го загрози Металург. Всушност, домашниот тим искористи две минути на деконцентрација на Металург и со серија од 3:0 успеа да намали на 10:12, но тоа траеше многу кратко, па Металург до крајот на првиот дел се врати на предност од 4 гола, 11:15.

Добро го одигравме и почетокот на второто полувреме, во кое за првите осум минути направивме серија од 5:1, за највисоки +8, 12:20. Веќе тука беше јасен победникот на средбата, па остатокот од времето Металург го одигра рутински и вложи онолку сили колку што е потребно за победата. Пелистер ги искористи своите шанси и до крајот на натпреварот успеа да стигне до поднослив пораз, 24:27.

Металург на оваа средба настапи без Даниел Дупјачанец, Милан Лазаревски, Мартин Серафимов и без Стефан Додиќ.

Овој натпревар е прв во кој Металург го водеше новиот тренер Зоран Кастратовиќ.

Во следното коло во Автокоманда ќе се одигра дерби средбата меѓу Металург и екипата на Охрид.

.

РК Пелистер – РК Металург  24:27 (11:15)

РК Пелистер:  Трајковски 2, Блажевски, Петровски 3, В.Димитровски 4, Митревски, Мандиќ 1, Ивановски, И.Димитровски 2, Петковски, Јовановски, Ристевски, Димитров, Талески 7, Илиев, Буторац 5 и Вардовски.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 12 минути.   Црвен картон (3х2 мин): И.Димитровдски во 53. минута.

РК Металург: Ѓорѓески, Мијатовиќ, Кондев, Јагуриновски 6, Поповиќ 4, Пецаковски, Шилегов, Танкоски 2, Мариќ 2, Младеновиќ 1, Вујовиќ, Чантурија 6, Кбилашвили 3 и Арсеновски 3.    Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 16 минути.

Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје.

Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

Прочитано 999 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 5