Топ Вести

Еурофарм Работник на чекор до групната фаза во ЕХФ-Купот, Тинекс Пролет ќе се помачи

11.07.2018 11:38
640

Еурофарм Работник е рангиран на високото 9-то место во рангирањето на клубовите во ЕХФ-Купот, а тоа му дава привилегија да го почне натпреварувањето од дури третото коло. Тоа значи дека овој наш претставник е само чекор од групната фаза во второто по квалитет европско натпреварување.

Еурофарм Работник е рангиран во група со екипите на Фуксе Берлин, Магдебург, Хановер и Кил (Германија), Грањолерс, Логроњо Ла Риоха и Куенка (Шпанија), Холтебро и ГОГ (Данска), Татабања и Балатонфуреди (Унгарија), Азоти Пулави (Полска), Ст. Рафаел (Франција), Малме (Шведска) и Нексе (Хрватска).

Што се однесува, пак, до екипата Тинекс Пролет – таа ќе се натпреварува од второто коло, па, доколку го мине, може да се сретне токму со Еурофарм Работник.

Можни ривали на Тинекс Пролет во второто коло се екипите на Ска Минск (Белорусија), Пфади Винтертур (Швајцарија), Рико Рибница (Словенија), Доброгеа Суд Констанца (Романија), Бенфика (Португалија), Драмен (Норвешка), ИБВ Вестманаејар (Исланд), Спартак (Русија), Карвина (Чешка), ЗТР Запорожје (Украина), Ахил Бохолт (Белгија), Макаби СРЛ (Израел), Алпла Хард (Австрија), Војводина (Србија) и Олимпијакос (Грција).

Прочитано 57 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 2