ЕВРОПСКО ДЕБИ

25.12.2011 16:16
DSC03322_resize_resize

Во 1993 година, Металург, тогаш под името РК Огномак М, го имаше своето прво европско деби. Настапи во Купот на градовите на ЕХФ. Во тоа време, претседател на клубот е Трајан Блажевски, потпретседатели се Славе Велјановски и Нове Георгиевски, директор е Љупчо Нонковиќ, шеф на стручниот штаб е Никола Богдановски, а тренер Крсто Митевски (денес Петрушевски).

Во првото коло противник ни беше белгијскиот клуб Херстел. На нашето барање, двете средби да се играат во Скопје, белгијците одговорија со контра предлог, двата натпревари да се играат во Брисел. На крајот, екипите се договорија првиот натпревар да се игра на 22 септември во Брисел, а реваншот на 2 октомври во Скопје.

Херстел, во својот состав, имаше двајца чешки интернационалци, еден француз, а нивен најдобар играч беше Ќерими, поранешен ракометар на Борец од Урошевац и на Вардар. Металург, таа сезона, го напушти голманот Петрушевски, а дојдоа: Станковски, Стојановски, Пеци, Галевски.

Фото:

Прочитано 227 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 4 =