Фајнал-фор на СЕХА-лигата: Вардар и ППД Загреб обезбедија финале

02.04.2019 20:53
53788265_1638001946302539_5979409338702233600_n

Во Брест (Белорусија) денеска и утре се игра завршницата во СЕХА-лигата.

Денеска се одиграни полуфиналните средби кои ги дадоа очекуваните победници.

Во првиот полуфинален натпревар екипата на ППД Загреб без поголеми проблеми славеше во хрватскиот дуел против тимот на Нексе. Загреб победничката разлика ја оствари уште во првото полувреме, па амбициозниот Нексе немаше сили за резултатски пресврт.

Многу поинтересно беше второто полуфинале во кое се сретнаа бранителот на титулата Вардар и домаќинот на турнирот Брест Мешков. И тука решавачко беше првото полувреме, што Вардар го доби со четири голови разлика. Но во вториот дел се разви голема борба, која сепак беше решена во полза на македонскиот шампион.

.

Резултати:

ППД Загреб – Нексе  28:23 (15:11)

Вардар – Брест Мешков  25:23 (14:10)

.

Утрешна програма:

Меч за трето место:  Мешков Брест – Нексе   (17.30 часот)

Финале:  ППД Загреб – Вардар   (20 часот)

Прочитано 125 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 4