Топ Вести

Фајнал-форот на СЕХА-лигата и официјално ќе се игра во Брест

11.03.2019 15:51
seha-f4

Како што објавија челниците на СЕХА-лигата, фајнал-форот во ова регионално натпреварување дефинитивно ќе се игра во Брест, Белорусија. Овае вторпат во последните три години организацијата да ја има екипата на Мешков Брест. Претходно тие беа домаќини и во 2017 година.

Бранителот на титулата Вардар, домаќинот Мешков Брест и двете хрватски екипи ППД Загреб и Нексе, се учесници на завршниот турнир, кој ќе се игра на 2 и на 3 април, што значи веднаш по завршувањето на осминафиналните пресметки во Лигата на шампионите.

Регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата завршува в среда, кога ќе се дознаат и полуфиналните двојки за турнирот во Брест.

Прочитано 163 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 5 =