ФАКОМ ДВЕ КОЛА НИ ГУБИ НИ ПОБЕДУВА

07.05.2012 00:50
DSC_0314_resize

Екипите на Рено и Факом денес го одиграа единствениот натпревар кој заврши со нерешен резултат. Веројатно тоа е и најправедниот резултат ако се знае дека тренер на двете екипи е Никола Матлиески. Интересно, Факом и во првото коло одигра нерешен натпревар. Екипата на Рено го освои својот прв бод.

Во првото полувреме Факом создаде предност од два гола која ја загуби во вториот дел. Гонев кај Рено со 4 и Крстевски кај Факом со три гола беа најпрецизните ракометари.

Рено – Факом   7:7  (2:4)

Рено: Благопетров, Јовчевски 2, Ангеловски, Стојанов, Глигоров 1, Гонев 4, Марјановиќ, Блажевски, Николовски, Симонов, Ковачевски, Панчовски и Пршевски.     Тренер: Никола Матлиески.

Факом: Спасовски 1, Брунчевиќ, Дангев, Меловски 2, Стојановски, Бошковски, Белимов 1, Потиров, Николовски, А.Ивановски, Јанушевски, Х.Ивановски и Крстевски 3.    Тренер: Никола Матлиески.

Судија: Кристијан Павловски.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 173 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 7