ФАКТИ И БРОЈКИ ОКОЛУ СП 2013

14.01.2013 17:15
419241_521569547869838_693857194_n_resize

Во историјата на СП за мажи, земјата-домаќин се закитила со шампионската титула само во четири наврати: Германија во 1938 и 2007 година, Шведска во 1954 година и Франција во 2001 година.

Сите претходни светски шампиони биле европски селекции. Најдобар резултат на една неевропска земја е 4-то место на Египет во Франција 2001 година и 4 место на Тунис, дома, во 2005 година.

Само трипати Светското првенство во машка конкуренција се одржува надвор од Европа, во 1997 г. (Јапонија), 1999 г. (Египет) и во 2005 г. (Тунис).

Хрватска има највисок процент на победи во своите досегашни настапи, откако победи на 55 од 75 одиграни натпревари (73,3%).

Австралија ги загуби сите 22 досега одиграни средби против учесниците на СП 2013. Всушност, таа победи само еднаш во 37-те досега одиграни натпревари, против Гренланд во 2003 година (26:21).

Хрватска настапи во три од последните пет финалиња, од 2003 година. Франција и Германија настапија во две финални средби.

Русија (и Советскиот Сојуз) одигра шест финалиња, повеќе од сите други учеснички. Сепак, рекордот го држи Шведска, со седум настапи.

Црна Гора е единствениот дебитант на ова СП, следуваат Чиле и Белорусија, со по две учества.

Данска го игра своето 20 Светско првенство. Само Германија и Шведска имаат повеќе, по 21. Исланд има 17 настапи, а нема освоено ниту една титула.

Франција може да стане првата земја што освоила три последователни титули, a и втора селекција што може да има настап на три последователни финалиња. Засега, тоа ѝ појде од рака само на Шведска, во периодот од 1997 до 2001 година, при што Шведска освои една титула (1999 г.).

Само три репрезентации во своите состави имаат играчи што играат исклучиво во домашните првенства: Германија, Саудиска Арабија и Јужна Кореја.

Со 2,12 метри, Николај Маркусен (Данска) и Ангел Монторо (Шпанија) се највисоките играчи на СП.

Највисоки репрезентации на СП се Хрватска и Данска, со просечна висина од 1,94 м, а најниска е селекцијата на Саудиска Арабија, 1,83 м.

Висина на селекциите-учеснички на СП: Хрватска 1,94 м, Данска 1,94 м, Унгарија 1,93 м, Германија 1,93 м, Белорусија 1,93 м, Полска 1,93 м, Русија 1,92 м, Шпанија 1,92 м, Словенија 1,91 м, Србија 1,91 м, Исланд 1,91 м, Франција 1,91 м, Тунис 1,90 м, Бразил 1,90 м, Македонија 1,89 м, Црна Гора 1,89 м, Алжир 1,88 м, Аргентина 1,87 м, Кореја 1,86 м, Австралија 1,86 м, Катар 1,85 м, Египет 1,85 м, Чиле 1,85 м и Саудиска Арабија 1,83 м.

Во однос на бројот на одиграни меѓународни натпревари по играч, предничи селекцијата на Франција со 142,6 натпревари, а последна е Австралија, чии ракометари имаат просечно по 12,7 меѓународни натпревари во своите кариери.

Оваа листа изгледа вака: Франција 142,6; Египет 105,4; Исланд 99,1; Унгарија 98,6; Полска 82,1; Тунис 77,9; Аргентина 75,0; Саудиска Арабија 74,8; Данска 74,4; Хрватска 72,9; Словенија 69,2; Шпанија 65,2; Алжир 65,1; Србија 64,4; Германија 63,9; Русија 61,0; Македонија 54,0; Кореја 51,7; Белорусија 45,4; Бразил 45,4; Чиле 43,5; Катар 34,9; Црна Гора 21,9; Австралија 12,7.

Најстара е селекцијата на Франција, со просечно 29,4 години, а најмлада е селекцијата на Австралија со 23,9 години.

Старосната листа изгледа вака: Франција 29,4; Црна Гора 28,7; Русија 28,6; Македонија 28,6; Белорусија 28,4; Полска 28,4; Унгарија 28,3; Шпанија 28,2; Алжир 28,0; Исланд 27,8; Србија 27,3; Кореја 27,3; Катар 27,1; Германија 27,0; Данска 26,8; Словенија 26,7; Аргентина 25,9; Хрватска 25,8; Саудиска Арабија 25,7; Бразил 25,4; Тунис 25,1; Египет 24,9; Чиле 24,7 и Австралија 23,9.

Прочитано 409 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 1