ФЕВРУАРИ МЕСЕЦ НА МЕТАЛУРГ

01.03.2012 13:46
563222_424880634254590_2003809201_n_resize

Зад нас е еден месец кој помина во знакoт на нашиот клуб. Месец исполнет со исклучително тешки натпревари, напорни патувања и успех. Месец во кој ја извојувавме првата гостинска победа во Лига на шампиони во оваа сезона и уште еднаш докажавме дека го заслуживме нашето место во ТОП 16. Натпреварот со Хамбург само ја потврди општата констатација дека никој не може да се надева на лесна победа против Металург, дури ни најдобрите.

Металург и неговите успеси ја возбудија спортската јавност во нашата земја. Металург е еден од најексплоатираните спортски колективи во изданијата на нашите пишани, електронски и ТВ медиуми. Во месец февруари регистриравме повеќе од 400 статии пишани за нашиот клуб, а тоа секако не е и конечна бројка.

Огромниот интерес не го заобиколи ни нашиот Веб сајт. Во месец февруари имавме неверојатни 74501 посети или просечно 2569 на ден. До нас стигнаа огромен број ваши коментари и поставивте голем број прашања.

Тоа е Металург.

Прочитано 697 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 9