ФИЛИП ТАЛЕСКИ И ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР ИГРАЧ НА НАТПРЕВАРОТ МЕТАЛУРГ – ПАРТИЗАН

09.10.2013 22:51
MJI_5162_resize

za tekst

На денешниот натпревар против екипата на Партизан, Металург воведе уште една техничка новина. Првпат во Македонија, токму нашите фанови имаа можност да го изберат најдобриот ракометар на средбата. Тоа е плод на соработката на Металург со најголемиот безжичен оператор, Sun wireless, кој постави посебна апликација преку која присутните во салата можеа да гласат за најдобриот. Отсега вакви избори ќе се организираат на сите наши домашни средби во Лигата на шампионите и во Гаспром регионалната лига. Најдобриот играч, избран од публиката, ќе биде награден од нашите спонзори.

Навистина е пријатен фактот дека прв ракометар, кој е избран со гласовите на публиката, е младиот Филип Талески (17), кој собра 51 процент од сите гласови.

1. Филип Талески  51 %

2. Павел Атман  20 %

3. Раде Мијатовиќ  11 %

3. Никола Митревски  11 %

Прочитано 4.285 пати

(6) Коментари

  1. Ima li nekade ili kade mozam da ja najdam snimkata od natprevarot na metalurg partizan

  2. Bravo za Filip samo taka da prodolzi.

  3. Filipche veruvam vo tebe , prodolzi samo taka 😀 <33333333333333333333333

  4. Olichna zamena za naumche vo idnina <3

  5. Малиот ќе биде многу добар, ако не и одличен, само да не почне да се занесува, туку да игра да слуша совети и само да игра, со самокорекција по можност.

  6. Bravo za mladiot krusevcanec koj uspea da go pokazi svojot talent i za toa dobi odlicni kritiki

Напишете коментар


+ 2 = 9