ФИНАЛЕ НА ПРВИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА

25.12.2011 22:00
DSC03309_resize_resize

Во 1993 година, за првпат, беше организирано натпреварување за Купот на Македонија. Финалниот турнир се играше на 19 и 20 април, во Прилеп.

Во првото полуфинале, Металург, по тешка борба ја совлада екипата на ПТТ Градски телефон со резултат 21:20, полувреме 8:8. Во второто полуфинале, повторно изедначен натпревар и победа на Шевро Куманово над Борец Агропин со резултат 24:23 (13:11).

Финалната средба се одигра во салата “Македонија“, на 20 април, пред повеќе од 1500 гледачи. Натпреварот го судеа Папуџиев и Чапканов од Скопје, убедливо најслабите поединци на средбата. Имаа многу грешки, на штета на двата тима. Од Куманово беа дојдени повеќе автобуси со навивачи кои во текот на натпреварот навиваа неспортски, со многу вулгарности, со фрлање на петарди, димни бомби и други предмети. Во една таква, наелектризирана, атмосфера се судрија двата тима, аспиранти за првиот трофеј во самостојна и суверена Македонија. Натпреварот, без квалитет, но со изобилство на дуели, борба човек на човек, и многу пресврти, веќе беше добиен за Металург. Имено, при наше водство од 11:10, буквално во последната секунда, Миладиновски, со шут од преку 9 метри, израмни за Шевро. Се играше продолжение од 10 минути, во кое Шевро постигна 3 гола, а депримираниот Металург ниту еден. Колку беше тежок натпреварот, се гледа од резултатот 14:11, за цели 70 минути игра. Вкупниот впечаток беше дека Металург е оштетен, и дека победата му е одземена со сила и неправда.

Фото:

Прочитано 325 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 5