ФОРМИРАЊЕ НА КЛУБОТ

29.11.2011 00:44
4.Nikola Bogdanovski-Kole_resize

Во 1971 година, по иницијатива на неколкумина интузијасти, пред се Никола Богдановски, Перо Тодоров, Насте Макрески и др., во Скопската Железарница се формира ракометен клуб под име Металург. Сите ракометари беа вработени во железарницата. Екипата ја водеше Никола Богдановски кој настапуваше како тренер, но и како активен играч. Металург во првата година од своето постоење се натпреваруваше во 2-та Македонска лига. Еве го составот на првата генерација ракометари на Металург:

Виларов Петар, Ајтов Ристо, Шандовски Перо, Божјаковски Перо, Јаковлевски Драги, Ричковски Перо, Ивановски Владо, Петровски Борче, Пустина Крешимир, Дамјановиќ Драги, Велевски …,Богдановски Никола.

Ќе остане запаметено дека Металург, во својот прв настап, извојува победа против екипата на РК Пирин со резултат 22:14, полувреме 10:6.

Еве и резултати од неколку средби одиграни таа сезона:

Металург – Пирин                  22:14

Металург – Крива Паланка     17:14

Солидарност – Металург          7:9

Металург – Пелистер              24:19

Повардарие – Металург          19:18

Металург – Романовце           19:10

Брегалница – Металург          5:19

Металург – Маџари                15:8

Партизан К. – Металург          13:17

 

Фото:

Прочитано 282 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 2