- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 5 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 5 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 5 months
(Фото) Јагањац, ти благодариме за се!

Металург од денеска е без Халил Јагањац, кому средбата со Татран Прешов му е последна во дресот на Металург. Нашиот најдобар стрелец во последните две години заминува од Автокоманда и во следните четири години ќе го носи дресот на хрватскиот вицешампион Нексе.
Јагањац во Металург дојде во 2017 година од ПСЖ и многу брзо стана лидер во нападот на нашиот тим. Минатата сезона, со 100 постигнати голови, беше најдобар стрелец во СЕХА-лигата и еден од најдобрите во групната фаза на Лигата на шампионите. Важи за еден од најперспективните млади ракометари на светот и пред него е сјајна ракометна кариера.
Пред средбата со Татран, Јагањац доби дрес со кој Металург му се заблагодари за се, а доби и пригоден поклон од претседателката на Металург.
На Јагањац му посакуваме се најдобро, на личен и на спортски план.
Фото: